СООПШТЕНИЕ

Во врска со член 71 од Изборниот законик и точка VI.1 од Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 18 октомври – 11 декември 2016 година, Централниот регистар на Република Македонија информира дека регионалната регистрациона канцеларија во Скопје ќе работи со продолжено работно време во деновите 11.11.2016 година (петок) и 15.11.2016 година (вторник), и тоа од 8:30 до 00:00 часот, заради регистрација на учесниците во изборната кампања на Вонредните Парламентарни избори 2016 во функција на обезбедување на ЕДБ и трансакциска сметка за изборна кампања.

Со почит,
Централен регистар на Република Македонија

 

УПАТСТВО

За регистрација на учесниците во изборната кампања на Вонредните/Предвремените парламентарни избори 2016 во функција на обезбедување на ЕДБ и Трансакциска сметка за изборна кампања
Повеќе информации

 

НОВИ РЕГИСТРИ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Во насока на зголемување на правната сигурност во Република Македонија, како и заради олеснување на пристапот до кредити за стопанството, а согласно член 50-а и 50-б од Законот за обезбедување на побарувањата, во Централниот регистар на Република Македонија се воспоставија и почнаа да функционираат два нови регистри, и тоа Регистар за продажба со задржување на правото на сопственост и Регистарот за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права (Фидуцијарен регистар). Овие регистри овозможуваат евидентирање и објавување на два нови видови на обезбедување на побарувања, што ја зголемува транспарентноста во правниот промет и претставува нова алатка за обезбедување на побарувањата при кредитирањето на бизнисите.
Повеќе информации

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2015 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.
Повеќе информации

 

ПРЕГЛЕД НА ИЗБРИШАНИ СУБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЧЛЕН 552а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Централниот регистар на Република Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015 и 6/2016), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.
Повеќе информации

 

СЕ ПОЕДНОСТАВУВА И ПОЕВТИНУВА УЧЕСТВОТО НА КОМПАНИИТЕ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Централниот регистар на Република Македонија и Бирото за јавни набавки денес овозможија нова услуга преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), која на компаниите ќе им заштеди време и средства, а истовремено ќе ја зајакне и правната сигурност во постапките за јавни набавки.
Повеќе информации

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Почитувани,

Централниот регистар ги повикува сите правни субјекти редовно да ги ажурираат податоците што се предмет на упис во Трговскиот регистар и во Регистарот на други правни лица, со особен акцент на адресата на електронско сандаче за прием на писмена (е-маил адреса), затоа што Централниот регистар истата ја доставува до државните и други органи кои ја користат при водењето на соодветни постапки согласно нивните законски надлежности и овластувања.
Со ова известување ги повикуваме субјектите кои ги немаат ажурирано податоците за е-маил адреса или друг податок во Централниот регистар, во рок од 15 дена да извршат упис на промена на истите и да запишат валидна и активна адреса на електронско сандаче. За утврдени погрешно запишани податоци, Централниот регистар ќе поднесе барање до надлежниот суд за покренување прекршочна постапка, согласно член 597 од Законот за трговските друштва.
Точноста на податоците запишани во регистарот е од особено значење за непречено функционирање на бизнис-заедницата во правниот промет воопшто и во односите со државните и други надлежни органи.

Со почит,
Централен регистар на Република Македонија

Датум на објава:
22.12.2015

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно измените на Законот за трговските друштва, објавени во Сл. Весник на РМ бр. 88/2015, кои влегоа во примена од 5.6.2015 година, трговците поединци и трговските друштва за кои е отпочната постапка за бришење во согласност со член 552-а и член 552-б од Законот за трговските друштва, може да ја запрат истата ако за времетраењето на објавата на списокот за бришење ги отстранат причините за поведување на постапката.

За дополнителни информации може да се обратите во канцелариите на Централниот регистар, или на телефон 02 3288 100.

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРВО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД ИНДИКАТОРОТ ОТПОЧНУВАЊЕ БИЗНИС
 

Најновиот извештај „Дуинг бизнис 2015“ на Светската банка ја рангира Република Македонија на ПРВО место во Европа, а ТРЕТО место во светот, според индикаторот отпочнување бизнис, што е во надлежност на Централниот регистар на Република Македонија. Во генералното рангирање, Република Македонија бележи напредок од едно место и е рангирана на високото 30-то место во светски рамки и 16-то место во Европа.
Повеќе информации

 

НОВИ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Почитувани корисници,
Извршена е надградба на интернет дистрибутивниот систем, со што се достапни нови производи  за користење. Производите (потврди/информации) ќе може да се преземат по избор во хартиена или електронска форма. Потврдите односно информациите во електронска форма ќе може по избор на корисникот да бидат и електронски потпишани со квалификуван дигитален сертификат. Сите нови производи ќе бидат достапни од 19.11.2013 година. Повеќе информации...

 

НОВА МОЖНОСТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ

Направена е надградба на овој систем со што е овозможено електронско плаќање и дополнување на припејд сметката на корисникот за добивање информации преку интернет.

 

ПРЕГЛЕД НА ОСТАНАТИ СООПШТЕНИЈА ОД ТРГОВСКИОТ РЕГИСТАР

Повеќе информации...

 

Како до веродостојни правни и финансиски податоци за правните субјекти? – Користете го интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија

Преку интернет дистрибутивниот систем 24 часа на ден се достапни податоците за субјектите запишани во регистрите, кои може да се добијат во форма на информација.


Повеќе информации...
НОВОСТИ
РЕГИСТРИ
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР И РЕГИСТАР НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА
Регистрација, промена и бришење на субјектите од трговскиот регистар, регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија, судскиот регистар  повеќе...
РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ
Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето повеќе...
ЗАЛОЖЕН РЕГИСТАР
Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација) повеќе...
РЕГИСТАР ЗА ЛИЗИНГ
Регистрацијата на документите за лизинг се врши врз основа на Договор за лизинг заверен кај нотар и Образец бр.1 – Пријава за регистрација, промена или бришење на лизинг (Тарифа и обрасци) како и останати пропратни документи повеќе...

РЕГИСТАР НА ВЛОЖУВАЊА ВО НЕДВИЖНОСТИ
Регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија, Централниот регистар на Република Македонија го води согласно на Законот за Централен регистар  повеќе...


РЕГИСТАР НА ПРАВА ВРЗ НЕДВИЖНОСТИ

Согласно на Законот за Централниот регистар (Службен весник на РМ број 50/2001, 49/2003, 109/2005 и 81/2008), во Централниот регистар функционира и Регистарот на права врз недвижности повеќе...
РЕГИСТАР НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Согласно на Законот за девизно работење (Сл. Весник на РМ бр.34/2001, 49/2001,103/2001,51/2003, 81/2008, 24/2011 и 135/2011), почнувајќи од 01 Октомври 2008 година, Централниот регистар на Република Македонија ги води Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство и повеќе...

РЕГИСТАР ЗА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ

Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност е јавна книга која претставува повеќе...

РЕГИСТАР ЗА КАЗНИ НА ПРАВНИ ЛИЦА

Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица е јавна книга која претставува единствена електронска база на податоци повеќе...

РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖНИЦИ

Регистарот на задолжници е воспоставен со Законот за задолжница (Службен весник на Република Македонија бр. 59/2012) како еден од регистрите во надлежност на Централниот регистар и започна со работа на 01.09.2012 година повеќе...

ФИДУЦИЈАРЕН РЕГИСТАР

Регистарот за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права (Фидуцијарен регистар) кој се води во рамките на Централниот регистар е воведен и функционира согласно Законот за обезбедување на побарувањата (Сл. Весник на Република Македонија 87/07 и 31/16). повеќе...

РЕГИСТАР ЗА ПРОДАЖБА СО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ

Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост кој се води во рамките на Централниот регистар е воведен и функционира согласно Законот за обезбедување на побарувањата повеќе...

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.