ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 Врз основа на член  22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Р.Македонија“ број 167/2015-пречистен текст, 27/2016 и 120/2018) и член 5, 6 и 7 од Колективниот договор на Централниот регистар на РМ број 01-866/1 од 01.06.2018 година и член 24 став 1 точка 2 од Статутот на Централниот регистар на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 45/2007 и 208/2015), а во врска со  Одлуката за потреба од засновање на работен однос број 04-1172/1 од 07.08.2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

Централен регистар на Република Македонија има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со 34 (триесет и четири) извршители на следните работни места со посебни услови и тоа:

-  1 (еден) извршител со завршено образование Наука за книжевноста со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка со или без работно искуство во струката, на работно место  Стручен работник – коресподент и основна плата 33.776,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни, Економски науки или Наука за книжевноста со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место  Советник за планирање, развој и меѓународна соработка и основна плата 36.956,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни, Економски науки или Наука за книжевноста со најмалку со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место  Стручен соработник за планирање, развој и меѓународна соработка и основна плата 36.956,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Географија или Образование со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место  Советник за дистрибуција на податоци и основна плата 36.956,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование и најмалку две години работно искуство во струката, на работно место  Самостоен референт за техничка помош и основна плата 28.395,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни, Економски или Градежништво и водостопанство со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и положен испит за административно управување, на работно место  Раководител на Одделение за водење на регистар за права врз недвижности и регистар за вложувања на средства во недвижности на резиденти во странство и нерезиденти во РМ и регистар на директни инвестиции  и основна плата 46.251,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни науки, Економски науки или Организациски науки и менаџмент, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место  Стручен соработник за јавни набавки и основна плата 36.956,00 денари;

- 2 (двајца) извршители  со завршено образование Правни науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место  Советник за правни работи и основна плата 36.956,00;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни науки, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место  Стручен соработник за правни работи и основна плата 33.042,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено образование Правни, Економски или Политички науки со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и положен испит за административно управување, на работно место  Раководител на Одделение за административно-техничка поддршка  на директорот - Кабинет на директор - Шеф на кабинет и основна плата 53.101,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место  Архивар III во Одделение за општи работи и комуникација со РРК/РК и основна плата 28.395,00 денари;

- 1 (еден) извршител  со завршено Гимназиско или Средно стручно образование образование, со или без работно  искуство во струката, на работно место  Референт за набавка во Одделение за општи работи и комуникација со РРК/РК и основна плата 25.215,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Информатика или Компјутерска техника и информатика, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку три години работно искуство во струката и завршени специјализирани курсеви за развој на информатички системи (оперативни системи - windows 2008/2012, бази на податоци – MSSQL 2005/2008/2012, за хостирање на апликативен софтвер -IIS, SharePoint 2010, Visual Studio 6.0/2005/2008/2010 , C++/C#, .NET, WCF и Java, виртуелизација – HyperV, Private Cloud). Предност но не задолжително за MSSQL 2005/2008/2012, на работно место Програмер на бази на податоци, во Одделение за развој на информатички системи и основна плата 40.625,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Информатика, Електротехника или Компјутерска техника и информатика, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку две години работно искуство во струката и завршени специјализирани курсеви за администрација на информатички системи (оперативни системи - windows 2008/2012, бази на податоци – MSSQL 2005/2008/2012, за хостирање на апликативен софтвер -IIS, SharePoint 2010, виртуелизација – HyperV, Private Cloud). Задолжително за MSSQL 2005/2008/2012, на работно место Администратор за поддршка на е-услуги и корисници, во Одделение за поддршка на регистарски и деловно процесни системи, е-услуги и корисници и основна плата 39.402,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Средно образование - Електротехничко образование  и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место Технички соработник за информатичка инфраструктура, во Одделение за информатичка инфраструктура и основна плата 32.798,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место Помошник одговорно лице за работење на РРК Скопје и основна плата 47.230,00 денари;

- 2 (двајца) извршители со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и со или без работно искуство во струката, на работно место  Стручен работник I во РРК Скопје и основна плата 32.064,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование и најмалку две години работно искуство во струката, на работно место  Самостоен референт за регистрација, во РРК Скопје и основна плата 28.395,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование и со или без работно искуство во струката, на работно место  Референт за регистрација, во РРК Скопје и основна плата 25.948,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување , на работно место Одговорно лице за работење на РРК Тетово и основна плата 40.870,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршени Правни, Економски или Политички науки, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку една година работно искуство во струката, на работно место Стручен соработник во РК, во РК Гостивар и основна плата 31.574,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни науки, Економски науки или Одбрана, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и со или без работно искуство во струката, на работно место Стручен работник во РК, во РК Гостивар и основна плата 30.596,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување на работно место Одговорно лице за работење на РРК Битола и основна плата 40.870,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и најмалку три години работно искуство во струката, на работно место Советник во  РРК Прилеп и основна плата 35.978,00 денари;

- 1 (еден) извршител  со завршено Гимназиско или Средно стручно образование образование, со или без работно искуство, на работно место  Референт за регистрација, во РРК Прилеп и основна плата 23.991,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршено Правни науки, Економски науки или Одбрана, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка и со или без работно искуство во струката, на работно место Стручен работник во РК, во РК Македонски Брод и основна плата 30.596,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование, со или без работно искуство, на работно место Архивар IV во РРК Велес и основна плата 23.991,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување , на работно место Одговорно лице за работење на РРК Струмица и основна плата 40.870,00 денари;

- 1 (еден) извршител со завршено Гимназиско или Средно стручно образование и со или без работно искуство, на работно место  Референт за регистрација, во РРК Струмица и основна плата 23.991,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување , на работно место Одговорно лице за работење на РРК Кочани и основна плата 40.870,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршено Правни науки, Економски науки или Одбрана, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, со или без работно искуство во струката на работно место Стручен работник во РК, во РК Виница и основна плата 30.596,00 денари;

- 1 (еден)  извршител со завршени Правни или Економски науки, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување , на работно место Одговорно лице за работење на РРК Куманово и основна плата 40.870,00 денари.

Кандидатот кој ќе се пријави на Јавниот оглас, треба да ги исполнува општите услови:

- да е државјанин на Република Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


- Работниот однос се заснова со полно работно време, со  неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата)

- Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,00 часот а завршува во 16,00 часот.

Во прилог на пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи:

-Пријава со кратка биографија (CV);

-Уверение за државјанство (копија);

-Копија од лична карта;

-Доказ за општа здравствена способност за работното место (Лекарско уверение);

-Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

-Уверение (Диплома) за завршено образование (копија);

-Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (копија);

-Потврда за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)-(копија);

-Доказ за потребното работно искуство ( се докажува со Потврда од АВРМ или Фонд за ПИОМ) и институцијата во која работел кандидатот.

Заинтересираните кандидати, пријават заедно со доказите за исполнување на условите  по овој Оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта. Телефон за контакт 3 288 100, лице за контакт Андријана Анастасовска Китанова.

Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесет и пет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, а доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови.

Некомплетните и ненавремено поднесените пријави нема да се разгледуваат.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.