СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ

ЗА КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ПОСТАПКА СОГЛАСНО ЧЛЕН 477 а ОД ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА, СО РЕШЕНИЕ УТВРДИЛА СТАТУС НА НЕКТИВЕН СУБЈЕКТ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва (Сл. Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 477 од истиот Закон, за кои Управата за јавни приходи со Решение утврдила статус неактивен три години по ред.

 Список на субјекти:

 -              Трговец-поединец НУРО Земјоделец ТП Нуредин Ахмет Реџепи Скопје со ЕМБС 5708397

-              Друштво за трговија и услуги ГРОТЕКС-ДУЌАНЏИК ДОО Скопје со ЕМБС 5780373

-              Друштво за производство,промет и услуги ФИМА Бобо ДООЕЛ Скопје со ЕМБС 5041376

 Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение, да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

 Доколку во рок од една година од датумот на објавувањето на субјектите во ова соопштение Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

 Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.