Почитувани корисници,
Извршена е надградба на интернет дистрибутивниот систем, со што нови производи се достапни за користење. Производите (потврди/информации) ќе може да се преземат по избор во хартиена или електронска форма. Потврдите односно информациите во електронска форма ќе може по избор на корисникот да бидат и електронски потпишани со квалификуван дигитален сертификат.
Формалните документи може да се преземат во рок од 7 дена.
Сите нови производи ќе бидат достапни од 19.11.2013 година.
Нови производи на користење преку ИДС:
-
Потврда за стечајна постапка;
-
Потврда за ликвидациона постапка;
-
Потврда за регистрирана дејност;
-
Информација за кривична судска одлука;
-
Потврда за споредна казна на правно лице –трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-
Потврда за прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност - (за физичко лице во рамките на правно лице);
-
Потврда за прекршочна санкција - забрана на вршење професија, дејност или должност - (за правно лице);
-
Потврда за прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност на правно лице;
-
Потврда за споредна казна на правно лице – привремена забрана за вршење на одделна дејност;
-
Потврда за споредна казна на правно лице - забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство;
-
Извештај од биланс на состојба и биланс на успех - новооснован субјект;
-
Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – нема деловна активност;
-
Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – нема доставено годишна сметка;
-
Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех;
-
Листинг од обработена годишна сметка.
За да станете регистриран корисник на интернет дистрибутивен систем кликнете овде или може да се информирате во Одделението за маркетинг и односи со јавност.
Контакт:
E-mail: marketing@crm.org.mk
Телефони: + 389 2 3288-291, 078/490-940