Годишни сметки
И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

  
Демо за електронско поднесување годишна сметка:
 
 

За субјектите кои се должни за доставување на годишни сметки и финансиски извештаи до Регистарот за годишни сметки при Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со член 469 од Законот за трговските друштва („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15,192/15 и 6/16), во согласност со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11), Законот за сметководство на непрофитните организации (,,Сл. Весник на РМ“ бр.24/03), како и за субјектите кои во согласност со Законот за персонален данок на доход остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност

Се известуваат сите субјекти должни за доставување на годишните сметки за 2015 година до Регистарот за годишни сметки при Централниот регистар на Република Македонија за следното:

1. Приемот на годишните сметки за 2015 година на сите видови на субјекти се врши во сите регистрациони канцеларии при Централниот регистар на РМ на чија територија се наоѓа седиштето на субјектот.

Субјектите кои се должни во согласност со законската регулатива да поднесат годишна сметка до регистарот на годишни сметки при поднесувањето на обрасците, потребно е задолжително да приложат доказ (оригинален или заверен документ) за извршената уплата согласно со  Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.

На налогот за плаќање, во делот “Цел на дознака” задолжително да се запише:

- називот на субјектот за кој е извршена уплатата и

- годината за која се поднесува годишната сметка

2. Обврзници за доставување на годишна сметка се:

2.1. Субјекти од нефинансискиот сектор кои вршат трговска дејност заради остварување добивка, во согласност со Законот за трговски друштва („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 71/06, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15,192/15 и 6/16), доставуваат податоци на пропишаните обрасци, во согласност со Правилникот за формата и содржината на годишната сметка („Сл. Весник на РМ“ бр. 52/11, 174/11, 9/12, 13/12,60/14), Правилник за посебни податоци потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција (“Сл. весник на РМ”, бр. 2/08, 39/10, 13/11, 9/12, 101/14 и 9/16) односно вршат дејност утврдена со НКД и се обврзници на данок од добивка.
 

КОМПЛЕТОТ на обрасци е сочинет од:

  • Биланс на состојба (Извештај за финансиската состојба)
  • Биланс на успех (Извештај за добивка или загуба и Извештај за останата сеопфатна добивка
  • Дополнителни податоци за државна евиденција - образец ДЕ

Обрасците за Државна евиденција (ДЕ) се нови и излезени се во Службен весник на РМ број 9/16, што значи истите важат за годишната сметка за 2015 година. Податоците во образецот ДЕ субјектите ќе треба да ги внесат, т.е. да ги пополнат во двете колони, односно за тековна и претходна година.

  • Образец за структура на приходи по дејности - СПД
  • Објаснувачки белешки кон годишната сметка
  • Уверение за сметководител / овластен сметководител издадено од Министерството за финансии
  • Изјава од подносителот под морална, материјална и кривична одговорност за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансискиот извештај, освен кога годишната сметка и финансискиот извештај се поднесуваат во електронска форма, при што истата се потпишува со електронски потпис.

Новооснованиот субјект кој пополнува податоци само за тековната година, на обрасците става ознака „Новооснован“.

Трговци поединци и трговски друштва кои немаат деловна активност, треба да достават „ИЗВЕСТУВАЊЕ“ за немање на деловна активност во тековната година. Покрај писменото Известување дека не биле активни, почнувајќи од годишните сметки за 2014 година, должни се истовремено да достават и годишна сметка со податоци на пропишаните обрасци, најдоцна до последниот ден од истекот на законскиот рок за кој се поднесуваат годишните сметки.  (преземи овде)

Трговците поединци или трговските друштва кои нема да поднесат годишна сметка и финансиски извештаи во законски утврдениот рок се должни до Централниот регистар на Република Македонија да достават годишна сметка и финансиски извештаи со претходно извршена ревизија од овластен ревизор, најдоцна до 31 декември во тековната година.

Трговци поединци и трговски друштва кои не доставиле годишна сметка и писмено известување дека не биле активни за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година се бришат од единствениот трговски регистар на начин и постапка определена со Законот.

Централниот регистар на Република Македонија ги брише од единствениот трговски регистар субјектите за кои е утврдено дека три години по ред се неактивни субјекти.

Ако УЈП во постапката на утврдување на статус на неактивен субјект констатира дека не се исполнети условите за неактивен, со решение го задолжува субјектот во рок од 30 дена од донесувањето на решението за деловната година повторно да достави до ЦРМ годишна сметка и финансиски извештаи со претходно извршена ревизија од овластен ревизор.

Ако УЈП утврди дека постојат одредени отстапувања на податоците во годишната сметка и финансиските извештаи доставени до ЦРМ во однос на податоците доставени до УЈП, со решение го задолжува субјектот во рок од 30 дена од донесувањето на решението за деловната година,повторно да достави до ЦР годишна сметка и финансиски извештаи со претходно извршена ревизија од овластен ревизор.

2.2. Буџетските корисници (корисници на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средствата од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите) кои работат во согласност со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 61/02, 98/02, 81/05 и 24/11) и кои сметководството го водат во согласност со  Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13), Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план на буџетските корисници и Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05, 109/05, 88/09, 175/11).

2.3. Буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и на буџетите на фондовите, кои работат во согласност со  Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 61/02, 98/02, 81/05, 24/11) и кои сметководството го водат во согласност со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11), Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план на буџетските корисници и Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 109/05, 88/09, 175/11, 101/13).

2.4 Непрофитните организации (стопанските комори, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Мекедонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи) кои работат во согласност со Законот за сметководство на непрофитните организации („Сл. Весник на РМ“ бр. 24/03, 17/11) и водат сметководство во согласност со Правилникот за сметководството на непрофитните организации („Сл. Весник на РМ“ бр. 42/03, 08/09, 175/11), Правилникот за сметковниот план и билансите на непрофитните организации („Сл. Весник на РМ“ бр. 117/05 и 11/06) и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план на непрофитните организации („Сл. Весник на РМ“ бр. 117/05).

2.5. Самостојни вршители на дејност (физичко лице - трговец, трговец поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање), кои остваруваат приходи од вршење на дејност утврдена во согласност со со член 28 од Законот за Персоналниот данок на доход („Сл.весник на РМ“ бр. 80/93....139/09),  во согласност со Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на работните книги и помошната евиденција на даночните обврзници што вршат самостојна дејност („Сл. Весник на РМ“ бр. 1/88....13/14).

2.6. Субјекти од финансискиот сектор (Банки и други финансиски институции) кои работат во согласност со Законот за трговски друштва („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 71/06, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15,192/15 и 6/16), Законот за банки („Сл. Весник на РМ“ бр. 67/07, 90/09, 67/10) и Правилникот за формата и содржината на годишната сметка за банки и други финансиски институции („Сл. Весник на РМ“ бр. 4/10).

2.7. Друштва за осигурување кои во согласност со Законот за осигурување имоти и лица („Сл. Весник на РМ“ бр. 35/01, 4/02) вршат работи на осигурување на имоти и лица и други работи на осигурување и кои сметководството го водат во согласност со Законот за трговски друштва („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 71/06, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15,192/15 и 6/16), Правилникот за формата и содржината на билансните шеми за осигурителните и реосигурителните друштва и Правилник за водење на сметководство („Сл. Весник на РМ“ бр.  4/12)

3. Субјектите можат да се информираат на веб- страницата на ЦР  (www.crm.com.mk) за нивното распоредување по големина врз основа на податоците од годишната сметка за пресметковната година.   (провери големина на правен субјект). Од извршеното распоредување произлегува обврската за доставување на финансиски извештаи од страна на средните и големите трговски друштва, како и доставување на податоците од годишните сметки исклучиво во електронска форма.

Истовремено напоменуваме дека во согласност со Законот за трговски друштва, големите и средните субјекти задолжително треба да достават до Централниот регистар на Република Македонија ревидирани и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи од страна на органот на управување најдоцна 30 дена од денот на нивното одобрување, но не подоцна од 30 јуни.

4. Во согласност со тарифата донесена од Владата на Република Македонија, при доставувањето на годишните сметки, субјектите треба да уплатат надоместок за обработка на годишната сметка на сметките на Централниот регистар:

  • 200000810380672 депонент на Стопанска банка АД Скопје,
  • 210055498500119 депонент на Тутунска банка АД Скопје,
  • 290100000070565 депонент на ТТК банка АД Скопје,
  • 250001000400008 депонент на Шпаркасе банка АД Скопје,
  • 500000000564373 депонент на Стопанска банка АД Битола,
  • 240010001589325 депонент на УНИ банка АД Скопје,
  • 320100002836960 депонент на ЦК банка АД Скопје,
  • 270055498500126 депонент на Халкбанк АД Скопје.

 

5. Начин на доставување на годишните сметки и финансиските извештаи

Доставувањето на годишните сметки може да се врши во канцелариите на Централниот регистар во хартиена форма или преку интернет страницата на Централниот регистар, во согласност со Правилникот за начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма („Сл. Весник на РМ“ бр. 7/13)

5.1 Во Централниот регистар се примаат годишните сметки во хартиена форма на пропишаните обрасци, со задолжително внесени податоци од страна на самите субјекти за идентификација: назив, седиште, ЕМБС (матичен број - во заглавието на обрасците (во кодексите 4 до 11), податок за даночниот број, големина на субјектот,како и запишан телефон за контакт.

Годишната сметка се доставува во еден примерок со пропратно писмо во два примероци, на кое Централниот регистар со приемен штембил го потврдува доставувањето на годишната сметка. Податоците во обрасците треба да се читливо пополнети со хемискo пенкало или на компјутер, а износите да се искажани во денари.

Годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува сметководителот, односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Министерството за финансии и законскиот застапник на субјектот.

Податоците од годишната сметка составена и потпишана во согласност со Законот, кои до Централниот регистар се доставуваат во електронска форма се потпишуваат со електронски потпис на сметководителот, односно овластениот сметководител кој ја составил годишната сметка или на законскиот застапник на субјектот.

Во годишните сметки поднесени во електронска форма, податоците од претходна година ќе бидат пополнети.Рокот за доставување на годишната сметка е до крајот на месец февруари. Односно за правните субјекти основани согласно Законот за трговски друштва, годишните сметки во електронска форма се доставуваат до 15 март.

Субјектите кои нема да ги достават годишните сметки во законските утврдени рокови плаќаат посебен надоместок утврден со Тарифата на Централниот регистар и доставуваат ревизорски извештај.

За субјектите од член 469 став 2 од Законот за трговски друштва (средни и големи) произлегува обврската за доставување и финансиски извештаи усогласени со меѓународните сметководствени стандарди и стандардите за финансиско известување. Годишната сметка и финансиските извештаи за средните и големите субјекти усогласени со меѓународните сметководствени стандарди и стандардите за финансиско известување, во согласно со член 477 став 9 од ЗТД се доставува до Централниот регистар само во електронска форма.

Корисниците на буџетот кои доставуваат повеќе годишни сметки на самиот образец во горниот десен агол го запишуваат бројот на основната сметка според Планот на сметки (785, 786, 787, 788, 789 и сл) и индивидуалната партија.

6. Со Правилникот за начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма („Сл. Весник на РМ“ бр. 7/13) предвидено е доставување во електронска форма преку интернет.

Дадена е можност податоците да се искажат и достават како на пропишаните обрасци во хартиена форма испечатени од страна на печатачи, исто така и на обрасците кои се истакнати на веб - страницата на Централниот регистар на Република Македонија, кои по форма и содржина одговараат на веќе пропишаните обрасци од страна на Министерството за финансии и објавени во Службен весник на Република Македонија, пополнети и уредно потпишани од страна на овластените лица.  (преземи овде)

7. Сите видови на субјекти треба да посветат особено внимание при изготвувањето, односно при пополнувањето на податоците во образецот СПД - Структура на приходи по дејности, бидејќи податокот за ГЛАВНАТА ПРИХОДНА ШИФРА ја определува дејноста што има најголемо учество во структурата на вкупно остварените приходи на субјектот согласно со НКД - Националната класификација на дејности („Сл весник на РМ“ бр 147/08, 4/13). Врз основа на податоците од СПД се врши ажурирање на главната приходна шифра во Трговскиот регистар. Промена на главната приходна шифра не може да се врши во текот на годината. Определувањето на главната приходна шифра се врши еднаш годишно, односно според податоците од доставената годишна сметка на субјектот. Тоа значи дека менување на главната приходна шифра во текот на годината нема да се врши. Уредбата за НКД Рев.2 можете да ја преземете овде.

8. Доколку при суштинска проверка на податоците од годишната сметка се утврди грешка, одговорниот работник во Централниот регистар по телефон го повикува субјектот да ја исправи грешката. Доколку субјектот не одговори на повикот и не ја изврши исправката ќе се смета дека годишната сметка на тој субјект не е поднесена.

9. Средните и големите субјекти доставуваат до Централниот регистар ревидирани и одобрени финансиски извештаи во согласност со член 482 став 2 од ЗТД, во законскиот определен рок.

10. Трговското друштво кое има преовладувачко влијание во едно или повеќе друштва, составува и доставува консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи во законскиот определен рок. Ревидираните и одобрените консолидирани годишни сметки и ревидирани и одобрени консолидирани финансиски извештаи, најдоцна 30 дена од нивното одобрување се доставуваат до Централниот регистар на РМ. Матичниот ентитет не мора да составува консолидирани ФИ доколку и тој е зависен ентитет, кој во целост или делумно е во сопственост на друг ентитет.

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.