Заложен регистар

Заложниот регистар функционира врз основа на Законот за договорен залог (Сл.Весник на Република Македонија 05/03, 4/05, 87/07, 51/11, 74/12, 115/14, 98/15, 215/15 и 61/16). Со овој Закон се уредени начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарувања и други права врз основа на договор. Со залогот се обезбедува побарувањето на заложниот доверител со цел тој пред другите доверители да се наплати од неговата вредност ако побарувањето не му биде исплатено во рокот на пристигнување. Законот предвидува два вида на залози и тоа невладетелски залог и владетелски залог. Во Заложниот регистар задолжително се упишува невладетелскиот залог. Невладетелски залог врз предмет се стекнува со склучување на договор за залог и со попис на предметот на залог без предавање на предметот во владение на залогопримачот.

Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација). Овие акти во регистарот ги доставува нотарот, од него овластено лице или договорните странки доколку така се договорат.
Регистрација, промена, бришење и давање на информација во Заложниот регистар се врши врз основа на пропишани обрасци:

Образец бр. 1 – Пријава за упис, промена и бришење на залог.

Образец бр. 2 – Барање за давање на информација.

Истите може да ги погледнете или преземете од делот -Тарифа и обрасци.

ДоставувДоставувањето на документацијата за регистрирање, промена, бришење, како и барањето за давање на информација се врши во писмена форма во Заложниот регистар или електронска форма преку системот за електронска регистрација на залог.
Секое правно или физичко лице може да бара информација за одреден заложен предмет. Информација се дава врз основа на барање за издавање на информација. Подносителот на барањето во образецот го наведува предметот на барањето и вака оформен се доставува во писмена форма во Заложниот регистар или електронска форма преку системот за електронска регистрација на залог. Истата веднаш се издава на подносителот.
Според резултатите од работењето во текот на целиот период од неговото конституирање, работата на Заложниот регистар е во брз и постојан подем бидејќи интересот на домашните и на странските инвеститори за активностите и предностите што ги дава регистарот е се поголем.

 

За извршениот упис, промена и бришење на залогот, како и за издавањето на информација од Заложниот регистар се наплаќа соодветен надомест, утврден со Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.