Политики

Со цел да го овозможиме најдоброто корисничко искуство и да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга дефиниравме стратешка определба за достигнување успешни резултати, стекнување на доверба кај корисниците и градење на стабилна врска со нив. Континуираното унапредување на својата работа ја постигнуваме преку реализација на Развојна стратегија 2018 – 2022 и имплементација на Годишниот план за работа.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.