Статистички податоци

Согласно националниот акциски план за отворено владино партнерство 2016 – 2018 година, објавуваме основни (агрегирани) податоци за граѓански организации и деловни субјекти и тоа:

- Збирни податоци – трговски и други правни лица и годишни сметки – 2015
- Збирни податоци – трговски и други правни лица и годишни сметки – 2016

Во согласност со член 47 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010), а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија, објавуваме листа на граѓански организации со информација за нивна евидентирана е - маил адреса:

- Листа на граѓански организации

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.