БАРАЊЕ ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Постапката за повраток на погрешно уплатени средства е регулирана со регулативен документ. Поради погрешно извршена уплата, странките лично или по пошта можат да достават барање  (образец БПС Прилог 1/А1) кој е достапен на интернет порталот, до архивата на ЦР на РСМ, кое се регистрира со деловоден број и приемен штембил во деловодна книга.

Со цел квалитетно и навремено постапување по однос на доставените барања, потребно е барањето да ги содржи следните податоци:

  • Подносител – Име на лицето или назив на правниот субјект со ЕМБС и седиште
  • Назив на субјект (ЕМБС) или име на лице за кое се однесувала бараната услуга
  • Контакт телефон и е-маил адреса
  • Краток опис (образложение) зошто не е извршена услугата односно зошто се бара повратот
  • Трансакциска сметка на која треба да се вратат неискористени или погрешно уплатени средства

Образец за барање на поврат на средства ТУКА

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.
Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.