Поднесување пријава за упис на основање во Трговски Регистар и Регистарот на Други Правни Лица преку Регистрационен агент

Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Регистрација на субјект (инструкции за Регистрационен агент)“.

Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува да извршите регистрација на ново правно лице со посредство на Регистрационен агент. Регистрацијата преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти. Поднесувањето преку регистрационен агент зависи и од овластувањата кои ги имаат различните типови на агенти. На следната локација може да прегледате листа на регистрациони агенти со чие посредство може да извршите поднесување во ЦРРСМ, како и да ги проверите нивните овластувања за поднесување.

Доколку одбраниот тип на субјект не се појавува подолу за избор, или пак сакате да основате субјект самостојно без посредство на регистрационен агент, изберете ја услугата „Самостојна регистрација на субјект“.

За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на субјектот, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

Регистрација на правно лице (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица претставува интегрирана услуга која подразбира регистрација на субјектот во соодветниот регистар, како и:

Дополнително, доколку е соодветно на избраниот тип на субјект и неговата форма подносителот може да избере дали сака во рамките на истата процедура да:

Пред да поднесете пријава за основање, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.

За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:

Следните обрасци може да се користат за овие типови на субјекти:

За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.