Запишување на податоци за вистински сопственик на субјектите – првично евидентирање и евидентирање на секоја понатамошна промена

 

Уписот на вистински сопственик претставува евидентирање (првично евидентирање како и евидентирање на секоја понатамошна промена) на претходно утврдениот краен сопственик на правниот субјект преку дефинирање на индикаторот на сопственост.

Правните субјекти се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во регистарот. Податоци за вистински сопственици се запишуваат само за правните субјекти за кои постои законска обврска да го пријават вистинскиот сопственик. Уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет, и тоа:

• Самостојно, од страна на овластеното лице за застапување на правниот субјект, или

• Преку друго лице, овластено од правниот субјект да изврши внес на податоци за вистинскиот сопственик.