Пријава за упис на промена во Трговски Регистар и Регистарот на Други Правни Лица преку Регистрационен агент

Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на субјект (инструкции за Регистрационен агент)“.

Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува да извршите промена на податоци за постоечко правно лице со посредство на Регистрационен агент. Регистрацијата преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти. Поднесувањето преку регистрационен агент зависи и од овластувањата кои ги имаат различните типови на агенти. На следната локација може да прегледате листа на регистрациони агенти со чие посредство може да извршите поднесување во ЦРРСМ, како и да ги проверите нивните овластувања за поднесување.

Доколку одбраниот тип на субјект не се појавува подолу за избор, или пак сакате да извршите промена на податоци на субјект самостојно без посредство на Регистрационен агент, изберете ја услугата „Самостојна промена на субјект“.

За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на субјектот, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

Промената на податоци за субјект (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица овозможува евидентирање на најактуелните официјални податоци кои важат за субјектот. Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:

Доколку уписот кој го вршите подразбира промена на името, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.

Во продолжение следи листа на промени кои се предмет на упис за најчестите типови на субјекти. За повеќе информации и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани.

Можни промени за Друштво со Ограничена Одговорност (ДОО/ДООЕЛ), Трговец Поединец (ТП), Акционерско Друштво (АД), Подружница на странско друштво и странско ТП, Претставништво

Останати типови на субјекти

Дополнително на споменатите типови на субјекти, Централниот Регистар евидентира промени и за други правни лица. Ова ги вклучува:

Следните обрасци може да се користат за овие типови на субјекти:

За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.