Упис на промена на договорот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост

Постапката за промена на договор за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост во Регистарот претставува начин на измена на претходно запишаниот договор за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост.

Поднесувањето за нов упис го врши Нотар или друго лице овластено од Нотарот врз основа на договор во форма на нотарски акт или солемнизација, заедно со останатите придружни документи.

Напомена: Доколку сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на продажба со задржување на сопственост (инструкции за Нотар)“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.