Поднесување на консолидирана годишна сметка во електронска форма

Поднесување консолидирана годишна сметка на трговските друштва, банките, друштвата за осигурување и другите финансиски институции се врши согласно Законот за трговските друштва.  

Трговските друштва кои имаат преовладувачко влијание во едно или повеќе друштва, секоја година составуваат и објавуваат консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи и истите се должни во согласност со законската регулатива во законскиот определен рок да ги достават до Регистарот на годишни сметки. Во базата на податоци се опфатени следните групи на субјекти: нефинансискиот сектор, финансиски сектор и осигурителни друштва. Средните и големите субјекти поднесуваат само електронски, додека микро и малите субјекти имаат можност да поднесат консолидирана годишна сметка и во хартиена форма.

Поднесување на консолидирана годишна сметка електронски се врши преку системите на ЦРРСМ. Подносител на консолидираната годишна сметка може да биде управител или сметководител/овластен сметководител, кој треба да добие електронски, овластување за поднесување на консолидираната годишната сметка, кој има дигитален сертификат кој гласи на негово име. Предуслов е инсталирана екстензија за дигитално потпишување на XML документи како и валиден дигитален сертификат. Поднесувањето може да се направи преку еден од следните интернет прелистувачи:

Повеќе информации за услугата, како и тарифата, потребните документи и предуслови ќе најдете во деталните упатства, инструкции и процедури за користење.

Големината на субјектот може да ја проверите на следната локација.

Проверка на исправност на структурата на XML датотека може да извршите на следната локација.