Помош при толкување на објавите

Објаснување на начинот на кој се презентирани податоците во објавите

Упис на основање

Објавите за упис на основање на трговско друштво или друго правно лице ги содржат сите податоци кои се регистрираат при основање во Трговскиот Регистар и Регистарот на Други правни лица. Во објавите за упис на основање не се објавуваат податоците превземени од останатите институции преку едношалтерскиот систем.

Упис на промена

Објавите за упис на промена на трговско друштво или друго правно лице ги содржат само податоците кои се предмет на извршената промена во Трговскиот Регистар и Регистарот на Други правни лица. Извршената промена може да претставува:

Во објавите за упис на промена прво се прикажани сите податоци кои трпеле содржински промени или пак се сосема ново додадени. По нив се прикажуваат сите податоци кои се избришани. Пред податоците кои се избришани со црвено стои ознаката “податоците се избришани“.

Упис на бришење

Објавите за упис на бришење на трговско друштво или друго правно лице ги содржат само основните информации за субјектот, причината за престанок и основата за бришење од регистрите.

Документ за корекција

Доколку Централниот Регистар увиди дека постојат одредени грешки во уписите, тие се коригираат со документ за корекција. Објавите на документ за корекција се претставени на ист начин како и објавите на Упис на промена.

Документ за регистрација на работно време

За сите правни лица во едношалтерскиот систем можат да се видат податоците за работното време на нивните подружници.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби.

Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Македонија.