Започнување на ликвидација, запишување на ликвидатор, објава, промени, запирање на постапка и бришење на субјектот со ликвидација преку Регистрационен агент

Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Ликвидација на правно лице во фази (инструкции за Регистрационен агент)“.

Оваа услуга подразбира затворање на правно лице во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица преку изведување на постапка за доброволна ликвидација во фази, во случај кога правното лице и неговиот законски застапник ја изведуваат постапката самостојно (без посредство на Регистрационен агент). За информации во случај на користење на Регистрационен агент при ликвидација во фази, погледнете ја услугата за „Ликвидација на правно лице во фази преку Регистрационен агент“.

Доброволната ликвидација ги опфаќа следните фази:

Типовите на правни лица кои може да подлежат на ликвидација во фази се прикажани во следната табела:

Тип на правно лицеМожни начини на поднесување
Трговски друштва (АД, ДОО, ДООЕЛ итн.)Самостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
Подружница на странско трговско друштво и странски поединецСамостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
ЗдружениеСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
ФондацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Организационен облик на странска организација (Подружница на странска организација)Самостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Приватна установаСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.
Други субјекти уредени со посебни прописиСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.

За целосен преглед на кои постапки на ликвидација, односно бришење се возможни за различните типови на правни лица, погледнете ги одговорите во секцијата за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

За можноста за директно бришење или скратена постапка на ликвидација на правно лице, прегледајте ги услугите:

Овие услуги се достапни само за типови на правни лица за кои законската регулатива овозможува ваков начин на престанок.

Престанок на правно лице може да се случи и како резултат на:

Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:

За електронско поднесување, сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.

За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување за различните фази на ликвидација, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:

Следниот образец може да се користи за овие типови на субјекти:

За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.