Самостојно изведување на бришење и скратена постапка на ликвидација на правно лице

Оваа услуга подразбира затворање / бришење на правно лице преку постапка на директно бришење на правното лице, или преку изведување на скратена постапка за ликвидација, во случај кога правното лице и неговиот законски застапник ја изведуваат постапката самостојно (без посредство на Регистрационен агент). За информации во случај на користење на Регистрационен агент при директно бришење или скратена постапка на ликвидација, погледнете ја услугата за „Бришење и скратена ликвидација преку Регистрационен агент“ (link).

Напомена: Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Бришење и скратена ликвидација (инструкции за Регистрационен агент)“ (link).

Типовите на правни лица кои може да подлежат на директно бришење или на скратена постапка за ликвидација се прикажани во следната табела:

Тип на правно лицеПостапкаМожни начини на поднесување
Трговец поединец (ТП)БришењеСамостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
ПретставништвоБришењеСамостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
ЗдружениеЛиквидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
ФондацијаЛиквидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Организационен облик на странска организација (Подружница на странска организација)Ликвидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Заедница на сопственициБришењеСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.
Други субјекти уредени со посебни прописиВо зависност од типот на субјект и основниот регистар за тој субјектСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.

За целосен преглед на кои постапки на ликвидација, односно бришење се возможни за различните типови на правни лица, погледнете ги одговорите во секцијата за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

За можноста за ликвидација во фази на правно лице, прегледајте ги услугите:

Овие услуги се достапни само за типови на правни лица за кои законската регулатива овозможува ваков начин на престанок.

Престанок на правно лице може да се случи и како резултат на:

За електронско поднесување, сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.