Политика за приватност

Политика за заштита на личните податоци

Вовед

Централен регистар (во натамошен текст ЦР) за заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чува/обработува податоци, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно: законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на ЦР, Политиката за безбедност на информации во ЦР и др. документи донесени во оваа област.

Употреба и обработка на личните податоци

Заштита од злоупотреби

ЦР ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Политика за управување со систем за безбедност на информации на Централен регистар

Офицер за заштита на лични податоци  – Ангела Саздова – Донева 02/3288187 - Angela.S.Doneva@crm.org.mk