Слободен пристап до информации од јавен карактер

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Основни поими

Исклучок од слободен пристап до информации

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

  1. информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;
  2. личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
  3. информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;
  4. информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
  5. информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;
  6. информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата;
  7. информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;
  8. информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина и
  9. информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

 Барање за пристап до информации од јавен карактер 

Службено лице за посредување со информации и посредување со информации

Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. Службено лице за посредување со информации на Централниот регистар е:

Иван Марковски

телефон +389 2 3288 202,

e-mail:  Ivan.Markovski@crm.org.mk 

Адреса на Централниот регистар на Република Северна Македонија: К. Ј. Питу 1, 1000 Скопје