Поднесување на ревизорски извештај во електронска форма

Поднесување ревизорски извештај за трговските друштва, банките, друштвата за осигурување и другите финансиски институции се врши согласно Законот за трговските друштва. Средните и големи субјекти, како и друштвата чии хартии од вредност котираат на берза, доставуваат до Централниот регистар ревидирани и одобрени финансиски извештаи.

Средните и големите субјекти поднесуваат ревизорски извештај само електронски, додека микро и малите субјекти имаат можност да поднесат ревизорски извештај и во хартиена форма.  

Поднесување на ревизорски извештај електронски се врши преку системите на ЦРРСМ. Подносител може да биде управител или сметководител/овластен сметководител, кој треба да добие електронски, овластување за поднесување на ревидираната годишна сметка, кој има дигитален сертификат кој гласи на негово име. Предуслов е инсталирана екстензија за дигитално потпишување на XML документи како и валиден дигитален сертификат. Поднесувањето може да се направи преку еден од следните интернет прелистувачи:

Повеќе информации за услугата, како и тарифата, потребните документи и предуслови ќе најдете во деталните упатства, инструкции и процедури за користење.

Големината на субјектот може да ја проверите на следната локација.

Проверка на исправност на структурата на XML датотека може да извршите на следната локација.