Упис на правото на лизинг врз подвижни и недвижни предмети (инструкции за Нотар и Давател на лизинг)

Постапката за упис на правото на лизинг во Регистарот за лизинг претставува со закон предвидена обврска за регистрација на правото на лизинг врз предметот предвиден во Договорот за лизинг. Уписот на лизинг се прави врз основа на склучен Договор за лизинг (солемнизиран или заверен на Нотар), заедно со останатите придружни документи.

Поднесување на пријавите за упис, промена или бришење во Регистарот за Лизинг е обврска на Давателот на лизинг. Дополнително давателот и корисникот на лизинг имаат можност да го овластат Нотарот за постапката да изврши упис.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари и Даватели на лизинг. Доколку не сте Нотар или Давател на лозинг, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Упис на лизинг“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот на лизинг, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.