Потврда издадена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар, електронски евидентирајќи ги прекршочните санкции на првостепените судови за физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност, односно бришејќи ги по службена должност од регистарот по истекот на времето за коишто се изречени. Најчесто е потребна за учество во постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, или оглас за вработување.
Потврдата се издава врз основа на следните критериуми за пребарување:
Преземи пример за потврдата.