Оваа услуга подразбира основање на ново правно лице. Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува регистрацијата да ја извршите самостојно (без посредство на Регистрационен агент), и тоа:
Доколку сакате да основате субјект со помош на регистрационен агент, изберете ја услугата „Регистрација на субјект преку Регистрационен агент“ (линк_до_услугата). Регистрацијата преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти. За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на правното лице, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.
Напомена: Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Регистрација на субјект (инструкции за Регистрационен агент)“ (link).
Регистрација на правно лице (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица претставува интегрирана услуга која подразбира регистрација на субјектот во соодветниот регистар, како и:
Дополнително, доколку е соодветно на избраниот тип на субјект и неговата форма подносителот може да избере дали сака во рамките на истата процедура да:
Пред да поднесете пријава за основање, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.
За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:
За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.