Почитувани корисници на Интернет дистрибутивен систем,
Ве информираме дека потврдата Информација за поврзани субјекти - тековна состојба (овластени лица, органи на управување, сопственици во други субјекти) е достапна и преку дистрибутивниот систем. Овој производ е достапен за сите корисници, кои имаат склучено нов договор, со кој е регулирана заштитата на лични податоци. Доколку сè уште не сте го обновиле договорот, Ве молиме информирајте нè на marketing@crm.org.mk или на телефонскиот број 078/490-940, со цел да Ви испратиме нов.
Со Информацијата за поврзани субјекти - тековна состојба, се овозможува пребарување на физички/правни, домашни/странски лица по ЕМБГ/ЕМБС/ИД број, односно пребарување дали и во кои субјекти во моментот e регистрирано одредено физичко/правно лице, како и во која улога.
Потврдата е достапна електронски, преку системот за е-потврди, преку Интернет Дистрибутивниот систем и во хартија.