Почитувани Корисници,
Заради пуштање во употреба за надворешни корисници на Надградениот Дистрибутивен систем, Ве информираме дека сите нарачани потврди преку системите е-потврди и Дистрибутивен систем потребно е да ги подигнете од локацијата за преземање на потврдите најдоцна до 08.08.2023 – вторник, до крајот на денот.
Новиот Дистрибутивен систем е со нов модерен кориснички интерфејс и нови функционалности, кои ќе овозможат:
• Подобрено корисничко искуство и користење на услугите од било кој уред (деск топ компјутер, лаптоп, таблет, паметен телефон).
• Динамично креирање на пакети на информации од страна на корисниците, со количински попусти и можност за користење на пакетите во определен временски период.
• Можност за нарачка на документи во писмена форма со испорака на домашна адреса.
• Вградување на квалификуван електронски временски жиг и QR code во електронски потпишаните документи, со што се овозможува подолготрајна валидност на документот (и по истекот на сертификатот за потпишување), како и можност за проверка на издадените електронски документи.
Воедно, постојниот Систем за издавање на електронски потврди повеќе нема да биде достапен на 09.08.2023 – среда од 09:00 часот, веднаш по испораката ќе Ве информираме за да продолжите со работа. Сите постојни корисници ќе имаат пристап во Дистрибутивниот систем во улога на регуларни корисници.
При имплементација на новата верзија на Дистрибутивниот систем земени се предвид вашите забелешки и сугестии дадени како предлози за подобрување на услугите на Централен регистар.
Во подготовка е и верзија со која ќе се овозможат и нови производи – информации/потврди во електронска форма.
За дополнителни информации и помош за користење на системот, Ви стоиме на располагање. Деталните чекори за работа во системот се објаснети и во Упатството за користење на Дистрибутивен систем.
Благодариме што придoнесувате за подобрување на услугите!
+389 78 490940
+389 2 3228291
marketing@crm.org.mk