Известување за надградба на Системот на Централниот регистар на население 29.03.2023

Почитувани Корисници,

Ве известуваме дека денес, 29.03.2024 година (петок) моментално се спроведува надградба на Системот на Централниот регистар на население и поради тоа можно е истиот да биде недостапен при поднесување на пријава за упис во Регистарот на вистински сопственици. Поднесувањето на пријава во регистарот ќе се одвива непречено со користење на опцијата за мануелен внес на личните податоци.  

Благодариме за разбирањето,

Со Почит,

Централен регистар на Република Северна Македонија