За потребите на Проектот - Надградба на дистрибутивниот систем, системот за е -потврди и системот за електронско плаќање (Одлука со бр. 03-103/6 од 02.02.2022) Централен регистар на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на понуди за набавка на ДОСТАВУВАЧ НА ДОКУМЕНТИ НА АДРЕСА - за вршење на поштенски услуги реализирани преку електронска трговија, односно курирски услуги за правни и физички лица
1) Право на учество
Право на учество имаат сите правни лица основани во Република Северна Македонија кои ги поседуваат сите потребни и неопходни лиценци и овластувања за домашен транспорт на пратки.
2) Критериуми за избор
1. Тековна состојба од Централен регистар на РСМ не постара од 6 (шест) месеци;
2. Во текот на последните три години да има извршено високо професионална услуга која на своите корисници им нуди најбрз, најквалитетен и најсигурен пренос на поштенски пратки во земјата, согласно прописите и предвидените рокови за пренос;
3. Понудувачот е потребно да достави референтна листа на компании со кои соработувал, односно да има работено со минимум 5 компании во континуитет од најмалку 1 година, во изминатите 3 години;
4. Понудувачот да располага со високо софистициран Систем за најава и следење на пратки преку кој корисниците ќе имаат комплетен увид во статусот на секоја пратка, односно да располага со современ софтвер за евиденција на пратки и можност за следење на истите;
5. Понудувачот е потребно да работи согласно меѓународните стандарди за квалитетна услуга и да работи со високо обучен и професионален тим.
6. Понудувачот потребно е да располага со потребни ресурси за да ги покрие Град Скопје и сите населени места во Република Северна Македонија за испорака на пратката во рок од 24 часа од нарачката низ целата територија на земјата, во работни денови;
7. За доставата, крајниот корисник плаќа надоместок директно на доставувачот за услугата - достава на адреса, независно од цената на потврдата за која е направено електронско плаќање на една од сметките на Централен регистар. За надоместокот кон доставувачот, крајниот корисник ќе биде информиран преку системот при нарачка на документот.
8. Предност ќе има понудувачот кој е еколошки свесна компанија односно се грижи за животната средина и да ги имплементира еколошките вредносни стандарди при вршење на својата дејност.
3) Избор на понудувач
За најповолен понудувач, Централен регистар ќе го избере понудувачот кој ги исполнува наведените критериуми и кој ќе понуди најниска и еднаква цена за достава на сите пратки со документи низ целата територија на земјата.
4) Доставување на понуди
Рок за доставување на понудата 27.10.2022 година, 13:00 часот.
Понудите да се достават до Централен регистар на РСМ – во Архива, со седиште на Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 1, Скопје или електронски на следнава електронска адреса marketing@crm.org.mk со назнака ДОСТАВУВАЧ НА ДОКУМЕНТИ НА АДРЕСА.
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 работни дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
Заинтересираните понудувачи можат да се информираат на слeднава е-адреса:
marketing@crm.org.mk или тел. 078/490-940 најдоцна до 21.10.2022 година и да ја посетат веб страната www.crm.com.mk од каде може да се преземе Пријавата за учество.
Изведувач_Доставувач на потврди на адреса_спецификација
Централен регистар на Република Северна Македонија