Надградба на Регистарот на вистински сопственици/01.03.2021

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба на системот на Регистарот на вистински сопственици, денес 01.03.2021, истиот за краток период, започнувајќи од 12:00 часот, нема да биде достапен за поднесување на пријави. Дополнително ќе Ве известиме кога ќе можете да продолжите со работа.
Доколку имате потреба од контакт со регистарот, Ве молиме испратете e-mail на: RVS@crm.org.mk, или јавете се на 02/3288-602

Ви благодариме на разбирањето,
Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија