Бришење и скратена постапка на ликвидација на правно лице (инструкции за Регистрационен агент)

Напомена: Овие инструкции се наменети за Регистрационите агенти. Доколку НЕ сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугите „Самостојно бришење и скратена ликвидација“ или „Бришење и скратена ликвидација преку Регистрационен агент“ (во зависност од начинот на кој сакате да извршите поднесување).

Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува на Регистрационите агенти да извршат поднесување електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување, потребно е да обезбедите дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.

Оваа услуга подразбира затворање / бришење на правно лице во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица преку постапка на директно бришење на правното лице или преку изведување на скратена постапка за ликвидација, во случај кога постапката се изведува од страна на Регистрационен агент.

Типовите на правни лица кои може да подлежат на директно бришење или на скратена постапка за ликвидација се прикажани во следната табела:

Тип на правно лицеПостапкаМожни начини на поднесување
Трговец поединец (ТП)БришењеСамостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
ПретставништвоБришењеСамостојно електронски, или преку Регистрационен агент. Не постои можност за поднесување во хартиена форма.
ЗдружениеЛиквидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
ФондацијаЛиквидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Организационен облик на странска организација (Подружница на странска организација)Ликвидација во фази, ИЛИ Скратена постапка на ликвидацијаСамостојно во електронска или хартиена форма. Поднесување преку Регистрационен агент не е возможно.
Заедница на сопственициБришењеСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.
Други субјекти уредени со посебни прописиВо зависност од типот на субјект и основниот регистар за тој субјектСамостојно во хартиена форма. Поднесување електронски или преку Регистрационен агент не е возможно.

За целосен преглед на кои постапки на ликвидација, односно бришење се возможни за различните типови на правни лица, погледнете ги одговорите во секцијата за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

За можноста за ликвидација во фази на правно лице, прегледајте ја услугата „Ликвидација на правно лице во фази (инструкции за Регистрационен агент).

Оваа услуга е достапна само за типови на правни лица за кои законската регулатива овозможува ваков начин на престанок. Престанок на правно лице може да се случи и како резултат на:

Преку понатамошна системска размена на податоци, секоја промена на податоците во ЦРРСМ се евидентира и во:

За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување за бришење или скратена постапка на ликвидација, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:

Следниот образец може да се користи за овие типови на субјекти:

За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.