Пријава за упис на основање во Трговски Регистар и Регистарот на Други Правни Лица (инструкции за Регистрационен агент)

Напомена: Овие инструкции се наменети за Регистрационите агенти. Доколку НЕ сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугите „Регистрација на субјект преку Регистрационен агент“ или „Самостојна регистрација на субјект“ (во зависност од начинот на кој сакате да извршите поднесување).

Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува на Регистрационите агенти да извршат поднесување електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување, потребно е да обезбедите дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.

Поднесување преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти и за одреден тип на поднесувања, согласно овластувањата кои ги има регистрациониот агент.

За преглед на можните начини на поднесување во зависност од типот на субјектот, погледнете ги одговорите во делот за Често Поставувани Прашања подолу во податоците за оваа услуга.

Регистрација на правно лице (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица претставува интегрирана услуга која подразбира регистрација на субјектот во соодветниот регистар, како и:

Дополнително, доколку е соодветно на избраниот тип на субјект и неговата форма подносителот може да избере дали сака во рамките на истата процедура да:

Пред да поднесете пријава за основање, препорачливо е да извршите проверка и да го резервирате посакуваното име на субјектот користејќи ја услугата „Проверка и резервација на име“.

За повеќе информации за најчестите типови на субјекти и начинот на поднесување, подолу одберете го типот на субјект за кој сте заинтересирани. Дополнително Централниот Регистар врши упис и на други правни лица. Ова ги вклучува:

Следните обрасци може да се користат за овие типови на субјекти:

За повеќе информации, погледнете ја соодветната законска регулатива или обратете се кај претставниците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија.