Упис на промена на договор за фидуцијарен пренос на правото на сопственост во Фидуцијарен регистар (инструкции за Нотар)

Промена на фидуцијарен пренос на правото на сопственост претставува начин на измена на претходно запишаниот договор за фидуцијарен пренос на правото на сопственост врз подвижни предмети и преносливи права.

Поднесувањето за упис на промена на постоечко право на фидуцијарен пренос на правото на сопственост го врши Нотар или друго лице овластено од Нотарот врз основа на анекс кон договорот во форма на нотарски акт или солемнизација, заедно со останатите придружни документи.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на фидуција“. Доколку сакате да добиете информација од Фидуцијарен регистар, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.