Постапката за промена на договор за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост во Регистарот претставува начин на измена на претходно запишаниот договор за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост.
Поднесувањето за нов упис го врши Нотар или друго лице овластено од Нотарот врз основа на договор во форма на нотарски акт или солемнизација, заедно со останатите придружни документи.
Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Промена на продажба со задржување на сопственост“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.