Упис на договор за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост (инструкции за Нотар)

Постапката за упис на договорот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост претставува начин на евидентирање на договорот за продажба со задржување на правото на сопственост во Регистарот.

Поднесувањето го врши Купувачот, Продавачот, или Нотар со соодветно овластување.

Напомена: Инструкциите во оваа услуга се наменети за Нотари. Доколку не сте Нотар, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Упис на продажба со задржување на сопственост“. Доколку сакате да добиете информација од Регистарот за продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост, пристапете кон секцијата „Сродни услуги“ подолу во податоците од оваа услуга и одберете го соодветниот тип на информација.