Објави на уписи за субјекти во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, односно Регистарот на дисквалификувани субјекти

Оваа услуга има за цел да и овозможи на јавноста преглед на последните промени во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, односно Регистарот на дисквалификувани субјекти, што претставува и законска обврска на ЦРРСМ.

На следната локација прегледајте дополнително објаснување за толкување на објавите.

Сите податоци од извршените уписи во регистрите што се објавени, односно достапни на веб локацијата на Централниот регистар на Република Северна Македонија може да се користат на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво за лични, некомерцијални потреби. Податоците не смее да се репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на било кој начин, делумно или целосно, без претходна согласност од Централен регистар на Република Северна Македонија.