Можност за увид во досие од Трговски регистар и Регистарот на други правни лица

Увидот во досие претставува можност за преглед на целосната хартиена документација од конкретен упис или издадена информација од Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица, односно пристап до архивираните документи. Барањето за увид се поднесува на однапред пропишан образец во кој задолжително треба да се наведе единствениот деловоден идентификационен број под кој што се запишани, изменети или избришани соодветните податоци или е издадена информација.