Пристап до информации достапни преку интернет Дистрибутивен систем
Преку Интернет Дистрибутивниот Систем 24 часа на ден, 7 дена во неделата се достапни податоците запишани во регистрите на ЦРРСМ, кои може да се добијат во форма на хартиена или електронска потврда или информација. Дистрибутивниот Системот овозможува користење на пакет услуги на ЦРРСМ врз основа на припејд модел каде уплатените средства се користат за нарачки на производи од страна на едно или повеќе поврзани лица.
Следните производи се достапни преку интернет Дистрибутивниот систем:
- Тековна состојба за субјектот на упис (валидните податоци за субјектот на упис во моментот на пребарување);
- Историјат на субјектот на упис (промените извршени кај субјектот на упис почнувајќи од 01.01.2006 година);
- Скенирани документи за субјектот на упис (скенирани записи од актите на субјектот за упис што се регистрирани по 01.01.2006 година, односно кај коишто е извршена промена по 01.01.2006 година);
- Банкарски сметки на субјектот на упис;
- Скратен исказ од годишни сметки (вид на работа 450);
- Потврда за стечајна постапка;
- Потврда за ликвидациона постапка;
- Потврда за регистрирана дејност;
- Информација за кривична судска одлука;
- Потврда за споредна казна на правно лице – трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- Потврда за прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност - (за физичко лице во рамките на правно лице);
- Потврда за прекршочна санкција - забрана на вршење професија, дејност или должност - (за правно лице);
- Потврда за прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност на правно лице;
- Потврда за споредна казна на правно лице – привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- Потврда за споредна казна на правно лице - забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство;
- Извештај од биланс на состојба и биланс на успех - новооснован субјект;
- Извештај од биланс на состојба и биланс на успех – останато;
- Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех;
- Листинг од обработена годишна сметка (за вид на работа 450 и 550);
- Потврда за залог и лизинг;
- Потврда за залог, лизинг, фидуција и продажба.
Напомена: Документите нарачани преку Дистрибутивниот Систем може да се преземат во рок од 7 дена.