Пакет документи за докажување на лична состојба, професионална способност и економско - финансиска состојба (Тендерско досие)

Оваа услуга овозможува нарачка на пакет од сите документи потребни за докажување на личната и професионалната способност на економските оператори, и истата се користи преку порталот на Бирото за јавни набавки, односно како дополнителна опција при регистрацијата на ЕСЈН. Услугата преставува претплата за автоматско обновување на документи во рок од 1 (една) година, чија цена е пониска од редовната цена за нарачка на секој документ поединечно за околу 15 отсто.

Економските оператор кои се претплатиле на услугата на нивниот профил на ЕСЈН, веќе ги имаат документите на модулот – профил на Економски оператор. Со поднесувањето на понудата, документите им се автоматски вчитани/прикачени како дел од електронската понуда и немаат потреба од никакви дополнителни акции.

Оваа услуга овозможува значително олеснување на учеството на компаниите во постапките за јавни набавки, зголемување на интегритетот и зајакнување на транспарентноста на процесот. Бирото за јавни набавки и Централниот регистар се поврзуваат преку веб-сервиси, при што гарантираат за безбедноста на самиот процес и за валидноста на новиот документ во електронска форма, кој автоматски ќе се ажурира.

Постојат два пакети со ваква намена кои се користат на сличен начин, при што овој пакет ги опфаќа следните потврди/информации:

Лична состојба

Професионална способност

Економска и финансиска состојба

За другиот пакет документи со слична намена достапен преку ЕСЈН, погледнете ја услугата Тендерско досие - Лична состојба и професионална способност.