Потврда за издадена информација од Фидуцијарен регистар

Потврдата за издадена информација од Фидуцијарниот регистар содржи информации врз основа на актуелните податоци од Фидуцијарниот регистар во врска со регистрираните договори.

Потврдата за издадена информација се издава по поднесено барање од страна на заинтересирана странка. Барањето се поднесува на однапред пропишан образец кој содржи податоци за подносителот на барањето, за критериумите на пребарување и предметот на барање.

Критериуми според кои може да биде издадена информација се следниве:

Во случај кога ниту еден запис соодветен на доставените критериуми не е пронајден, Централниот регистар издава информација дека бараниот податок не постои во ниту еден регистриран документ.