Со оваа услуга можете да извршите проверка дали е достапно посакуваното име на субјектот. Дополнително, оваа услуга овозможува електронски (преку интернет) да извршите резервација на име на правен субјект пред да поднесете пријава за упис во регистарот на трговски друштва и други правни лица (основање ново правно лице или промена на име на постојно правно лице). Со тоа името ќе биде заштитено и резервирано во определен временски период.
Проверка се врши преку пребарување на дел од единственото име, односно се бара дали има сличен назив (по сопствено видување и сопствена процена). На пр. Звончица / Ѕвончица – ако извршите пребарување само за Звончица, можеби и нема да ви излезе фирма со таков или сличен назив. За поточни резултати треба да се пребара со дел од називот.
За повеќе информации за ограничувањата за имињата на правните лица погледнете ја секцијата „Често поставувани прашања“ подолу во податоците за оваа услуга.