Упис на инфраструктурни податоци во Адресен регистар

Оваа услуга овозможува општините и Град Скопје да поднесат пријава за регистрација или промена на податоци во Адресниот регистар. Поднесувањето се врши во рок од 8 дена од настанатата промена. ЦРРСМ врши упис на податоците во рок од 15 дена од денот на приемот.

Општините и Град Скопје ажурирање на електронската евиденција ја вршат тековно. Секоја промена во електронскиот Адресен регистар извршена во ЦРРСМ се доставува во електронска форма и до Министерството за Внатрешни Работи, Државен завод за статистика и Агенција за катастар на недвижности во рок од три дена од денот на извршениот упис.