Под упис на нова инвестиција се подразбира настанување на инвестиција со вложувања на резидентите во странство, или пак на нерезиденти во домашни субјекти. Вложувањата кои подразбираат намалување или зголемување на веќе постоечка инвестиција НЕ се впишуваат како нови инвестиции, туку како промени на веќе постоечката инвестиција. За таков случај прегледајте ја услугата „Промени и бришење на директна инвестиција“.
Одредена инвестиција може да подразбира и потреба од два или повеќе уписи од различен вид (упис на нова инвестиција или промена на постоечка инвестиција) доколку дел од веќе регистрирана инвестиција се пренесе на нов инвеститор.
Уписот може да се изврши електронски преку интернет, или пак директно во соодветните канцеларии на ЦРРСМ.
Директна инвестиција е вид на капитална трансакција во вид на:
Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира.
Видот на настанување и начинот на реализирање на директна инвестиција може да биде во: