Внес на податоци за вистински сопственици на субјектите

Напомена: За еден субјект може да има повеќе овластени подносители кои имаат овластување да поднесуваат пријава.
Во случај на несоодветна одјава од системот на регистарот на вистински сопственици (директно исклучување на прелистувачот во кој се работи и слично) од страна на некој од подносителите, а поради заштита на самиот субјект, системот оневозможува понатамошно процесирање на пријавата, односно не дозволува да се продолжи со поднесување на пријавата од друг подносител доколку подносителот кој несоодветно се одјавил повторно не се најави на системот.
Системот дава соодветна порака дека пријавата е „заклучена“ поради тоа што друг подносител работи на истата.
Во случаите кога на подносителот кој несоодветно се одјавил од системот му е одземено овластувањето и друг подносител е овластен да поднесува пријава за субјектот, за да се овозможи понатамошна работа и поднесување на пријавата, потребно е подносителот да се обрати до Централниот регистар  на следната маил адреса RVS@crm.org.mk 
 

Уписот на вистински сопственик претставува внес на податоци за претходно утврден вистински сопственик на правниот субјект, преку дефинирање на индикаторот на сопственост, при што услугата се однесува на иницијалниот внес на вистинскиот сопственик и секоја промена на истиот.
Правните субјекти се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот. Податоци за вистински сопственици се запишуваат само за правните субјекти за кои постои законска обврска да го запишат вистинскиот сопственик. Уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет и тоа:
• Самостојно, од страна на овластеното лице за застапување на правниот субјект или
• Преку друго лице, овластено од правниот субјект да поднесе пријава во Регистарот.