Почитувани,
Централниот регистар на Република Северна Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 64/18 , 120/18, 290/20,215/21 и 99/22), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности.
Истовремено се повикуваат содружниците, односно акционерите на бришаните друштва да го распределат имотот на друштвото меѓу себе согласно со ставот (4) на член 552-а од Законот за трговските друштва.
Во прилог е преглед на субјекти избришани согласно член 552а во врска со член 477 и 477а од ЗТД, како и во врска со член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Сл.Весник на РСМ бр. 215/21) - во месец Јули 2024 година.
Линк до список на избришани субјекти во месец Јули 2024