Известување за спроведување контрола на регистрационите агенти (адвокати и сметководители)

Почитувани Регистрациони Агенти,

Ве известуваме дека согласно член 34-ѓ од Закон за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во текот на втората половина на месец септември, како и месец октомври 2022 година ќе се изврши контрола на регистрационите агенти (адвокати и сметководители) во Скопје и во сите РРК канцеларии. 
Контролата ќе започне на 15 септември и истата ќе се спроведе во канцелариите на регистрационите агенти, со претходен договор со агентот, за датумот и часот на контролата.

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте го одделението за техничка помош на TehnichkaPomosh@crm.org.mk или на 02-3288-601.

 

Со Почит,

Централен регистар