Јавен повик з аизбор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Централен регистар на Република Северна Македонија, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр.40-11812/1 од 14.12.2021 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.286 од 20.12.2021 година), објавува јавен повик за избор на правно лице кои врши дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари – електронска, компјутерска и друга информатичка опрема како електронски отпад кои немаат вредност односно поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Централниот регистар.
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.
Преземањето на движните ствари е без надомест.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари - електронска, компјутерска и друга информатичка опрема, предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари кои се предмет на јавниот повик се наоѓаат во просториите на Централниот регистар во Скопје и во другите РРК/РК канцеларии (Берово, Битола, Велес, Виница, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Мак. Брод, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Св. Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип) и детално се опишани во Прилог 1 на јавниот оглас, со назив/опис на движните ствари, количина и локација каде се наоѓа.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е Филип Кољозов, тел. +389 2 3288 138+389 075 493 516,  електронска адреса: Filip Koljozov <Filip.Koljozov@crm.org.mk> .
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Централен регистар на Република Северна Македонија, Бул. ,,Кузман Јосифовски Питу " бр.1 – 1000 Скопје или електронски, објавена на веб страната на Централен регистарна на следните линкови:

Инструкција по јавен повик

Пријава по јавен повик - Прилог 2

Изјава - Прилог 2

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  04.02.2022 година до 16:00 часот.

За
Комисијата за спроведување на постапка 
за избор на правно лице кое врши дејност 
или поседува дозвола за собирање
и/или транспортирање, преработка,
рециклирање и уништување на отпад

Претседател
Филип Кољозов