Нов закон за вршење сметководствени работи

Почитувани,

Ве известуваме дека во („Службен весник Република Северна Македонија“ број  173 од 01.08.2022 година објавен е:
-Закон за вршење на сметководствени работи(*).
Овој Закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Од Законот за вршење на сметководствени работи  член 63 став 4, произлегува законска обврска за трговците поединци – сметководители, трговците поединци - овластените сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи кои се запишани во „Регистарот на трговците поединци – сметководители", „Регистарот на трговците поединци - овластените сметководители " и „Регистарот на  друштвата за вршење сметководствени работи" на кои им е издадена ЛИЦЕНЦА за вршење на сметководствени работи и кои до денот на влегувањето во сила на овој Закон, податокот за ЛИЦЕНЦА за работа не го запишале во Централниот регистар на РСМ се должни да извршат упис во Централниот регистар во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот за вршење на сметководствени работи.
Постапката за упис во Трговскиот регистарот и регистарот на други правни лица што се води во Централниот регистар на РСМ се поведува со поднесување пријава за упис во електронска форма преку едношалтерскиот систем, согласно Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 122/21 и 215/21) и Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 290/20, 215/21 и 99/22). 
Кон пријавата за упис како прилог се приложува Лиценцата за работа.

Уписот може да се изврши преку регистрациони агенти – адвокати, како и од страна на самите сметководители, доколку секој учесник во постапката поседува дигитален сертификат, што значи дека прилогот кој се доставува, односно Лиценцата за работа, потребно е дигитално да е потпишана со дигитален сертификат од органот кој ја издава.


Со почит,