Заедничка Платформа за отпочнување со бизнис

Системот за е-регистрација на Централниот регистар како резултат на успешната реализација на проектот Заедничка платформа за отпочнување на бизнис, од денес, 8.7.2020 г., започна да функционира со надградба на дополнителни функционалности:

1.  Доброволна регистрација на субјектите (трговски друштва) како ДДВ обврзници при Управата за јавни приходи при самиот упис на основање  и

2.  Доброволно пријавување на овластеното лице за застапување (застапникот по закон) во задолжително социјално осигурување (АВРСМ).

Со ваквата надградба се овозможува субјектот при процесот на пополнување на пријавата за упис да ја избере можноста за доброволна регистрација како ДДВ обврзник, при што во самото Решение за упис да добие ДДВ број, кој во правниот промет ќе биде препознаен по издавањето на Решение од страна на Управата за јавни приходи.

Дополнителна можност која се обезбеди со ваквата надградба претставува пријавувањето  во Агенцијата за вработување во задолжително социјално осигурување на законскиот застапник во случај истиот да сака да заснова работен однос при самиот упис на основање на субјектот, без дополнителна потреба од посета на нивните канцеларии.

Исто така, со цел поедноставување на самиот процес на упис на промена преку Системот за е-регистрација се пристапи кон обезбедување на можност за внес на конкретен износ за конкретниот упис со што се надмина чекорот за дополнително плаќање по известување, чиј краен резултат претставува намалување на административните чекори, а исто така и временски скратување на самата постапка.

Централниот регистар е достапен за било какви прашања на контакт адресите за техничка помош, маркетинг и рекламации, како и на контакт телефонските линии:

Техничка помош 02/3288-601 

Одделение за маркетинг и односи со јавност  078/490-940

TehnichkaPomosh@crm.org.mk  

marketing@crm.org.mk  

Со Почит