„Успешно завршен проект без негово соодветно систематско следење и управување и без водење на сметка за оптималната искористеност на ресурсите, не е можно и e чиста случајност’’ е ставот на членовите на назначеното Проектното координативно тело, кое е одговорно за одлуките и за давањето на генералните насоки во управувањето со проекти од богатото Проектно портфолио на институцијата.
Проектите се последица на доследното стратешко управување и истите се изведени од долгорочните стратегии кои се водич за развојот и позиционирањето на институцијата на долг рок. Се води сметка управувањето со проекти да е структуриран процес и да се спроведе соодветно низ сите фази на животниот циклус на проектот од иницирање, планирање, па се до имплементација, мониторинг, контрола и затварање, кои доведуваат до ефикасно водење и реализација на проектите, со што успехот е неминовен.
Историскиот развој на Централен регистар се илустрира со оваа ‘’крива на успех’’:
Позначајните стратешки проекти кои се изведуваат заради придобивки и унапредување на деловните процеси и услугите за клиентите се претставени во продолжение.
Следете нѐ, ние и понатаму продолжуваме да ги следиме потребите на деловната заедница!
Согласно Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија, Централен регистар е член на Советот на НИПП и има потпишано со НИПП – Агенција за катастар на недвижности, Договор за размена на збирки на просторни податоци и услуги, во април 2016.
Централен регистар е сервисно ориентирана институција и континуирано ги следи потребите на своите корисници. Сите нови проекти, надградби на постоечките и сите дополнителни активности на институцијата се во насока да се задоволат потребите на корисниците.
Регистарот на вистински сопственици е обврска која произлегува од новиот Закон за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ), согласно кој ЦРРСМ е обврзан да го воспостави и води овој официјален регистар. Со овој Закон всушност се врши усогласување со Директивата на ЕУ за спречување на перење пари (AMLD 4). Воспоставувањето на регистарот ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам.
Заедничката платформа за отпочнување на бизнис претставува заедничка организациона поставеност и технолошка интеграција со стандардизирана размена на податоци помеѓу ЦРРСМ, УЈП и АВРСМ со цел задоволување на потребите на субјектите - бизнисите кои се основаат.
Заедничката платформа за отпочнување на бизнис претставува концепт на единствен електронски интерфејс преку кој се управува со започнување на животен циклус на субјектот на софистициран начин преку воспоставена функционална системска инфраструктура помеѓу засегнатите институции за поддршка за бизнис.
Пристапот на Заедничката платформа е обид да се одговори на потребите за подобрување на услугите на јавниот сектор кон приватниот, воедначување на постапките, зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците како за јавниот сектор (како давател на услугата), така и за приватниот сектор (како корисник на услугата).
Крајната цел на имплементација на визијата за Заедничката платформа е да се обезбеди пристап до инфраструктура преку која деловните субјекти, ќе можат да добијат пристап до единствена интернет локација преку која ќе ги добијат сите потребни информации во врска со регистрација на субјекти, пријавување на вработени, регистрација за ДДВ цели, а во иднина и други потребни информации.
Покрај директните бенефити за деловната заедница, директното влијание врз рангирањето на Doing Business листата.
Воспоставувањето на ЕТК и трансформација на ЦРРСМ во сервисно ориентирана организација е еден од клучните приоритети во остварувањето на визијата на ЦРРСМ.
Овој проект се реализира заради Усогласување со меѓународните иницијативи и договори за воспоставување на ЕТК на национално ниво за сите владини електронски услуги, како и заради општо подобрување на деловното опкружување врз основа на достапност на корисни електронски услуги, со што ќе се резултира со:
Овој проект се однесува на целосна замена на постојниот портал на ЦРРСМ и имплементација на целосно нов сервисен каталог, како и воведување на нови услуги т.е. проширување на палетата на јавно достапни услуги без надомест согласно програмата на Владата на РСМ за отворени податоци и Отворено владино партнерство.
Проектот се развива како нова сервисна платформа за овозможување на услуги од релевантните бази на бизнис и финансиски податоци од целиот регион на Западен Балкан/Југоисточна Европа. Платформата е планирана да одговори на потребите на бизнис заедницата и инвеститорите заради тоа што во последните неколку години на Балканот континуирано расте тенденцијата за повторно воспоставување на поранешните економски врски пропатено со континуиран раст на трговската размена помеѓу земјите во регионот, па така користењето на податоци за своите потенцијални партнери и е од суштинска важност. Таа нуди и други разновидни услуги како споредбени информации за сектори и дејности меѓу земјите.
Проектот доби најширока поддршка од институциите кои водат регистри од регионот : oд Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија, кои пројавија интерес за подоцнежно приклучување. Во моментов кон платформата се приклучени Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија.
Централен регистар работи согласно меѓународни стандарди за квалитет, согласно кои континуирано изработува нови и ги унапредува веќе постоечките внатрешни/интерни регулативи, дел од Документ менаџмент системот (политики, директиви, процедури, упатства итн.)
Уште една потврда за стабилен и функционален Систем за управување со безбедност на информации е проектот за Дигитализација на архивите со кој ќе се зајакне безбедноста на архивата на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица која е распространета низ сите регионални регистрациони канцеларии и на која и е потребна зголемена заштита од физички аспект. Исто така дополнително се прави целосно обновување на електронските верзии на прилозите за упис во регистарот преку нивно рескенирање. Се направи и технолошка надградба на софтверското решение за да овој проект успешно се реализира. Проектните активности се прават заради големото значење на овој материјал за Централен регистар но и за државата, бидејќи истите се единствена веродостојна верзија на документирани информации за правните лица во РСМ со која се опслужуваат сите заинтересирани страни. Овој проект е повеќегодишен и се планира по неговата реализација, регистарските влошки да се преземат од регистарските канцеларии и складираат и заштитат на единствена локација, додека корисниците ќе се опслужуваат со веродостојна дигитална верзија – верна на оригиналот.
Централен регистар го имплементира меѓународниот стандард за безбедност на податоци ИСО 27001, со цел да обезбеди целосна заштита, безбедност и квалитет во работењето со податоците за субјектите.
Уште една стратешка определба е планираниот проект за Централизирана регистарска платформа, што ќе придонесе кон развој и надградба на системите за надворешните корисници, системите за дистрибуција на услуга, базична поставеност и внатрешна интероперабилност, што се очекува да влијае на возобновување на информатичката базична инфраструктура, интеграција и други системски функционалности што ќе доведат до надминување на проблемите со регистарската инфраструктура и нејзино целосно унапредување.
Овој проект се содржи од повеќе компоненти што е предвидено да се одвива фазно, а ги содржи следниве модули:
Деловните субјекти кои работат во регионот не ги познаваат државните граници, па деловните регистри треба да направат чекор напред и да овозможат единствена пристапна точка до нивните бази на податоци на регионално ниво.
Користа од информациите и услугите кои се достапни на едно место е повеќекратна. Секако, најголема корист лежи во фактот што информациите произлегуваат од официјалните регистри кои претставуваат најверодостојни бази на податоци.
Несомнено, најголем ефект со имплементација на овој проект би бил чекорот напред кој јавната администрација во регионот ќе го преземе со воведувањето на прекугранични електронски аналитички алатки кои ќе дадат поддршка на деловните субјекти во нивното секојдневно донесување на деловни одлуки на Единствениот Пазар во регионот.
Подобрениот пристап до сигурни информации во реално време за деловните субјекти во регионот ќе го зголеми нивото на доверба на пазарот и конкурентноста, и значително ќе ја подобри прекуграничната трговија и инвестиции во регионот на југоисточна Европа.
Имплементацијата на единствениот регистар на обезбедени трансакции треба да даде нов квалитет во пристапот кон кредитирање посебно за малите и средни претпријатија. Со нив под единствен режим треба да се обединат постојните регистри за залог, лизинг, фидуција и продажба со задржување на правото на сопственост но, и поедноставување на постапката за пристап до кредитирање.
Проектот има неколку компоненти и тоа:
Проектот за единствен регистар на обезбедени трансакции е повеќегодишен проект што ќе значи возобнова на најстариот регистар кој се води во застарено технолошко решение и обединување на повеќе системски решенија што поддржуваат евидентирање на побарувања од доменот обезбедени трансакции.
Главните недостатоци на постојниот систем, кои треба да бидат отстранети со имплементација на Регистар на обезбедени трансакции се:
Овој проект ќе овозможи унапредување на рангот на Doing business во категоријата пристап до кредити.