Политика за колачиња и серверски дневник на Централен регистар на Република Северна Македонија

1.Изјава за приватност
Централниот регистар на Република Северна Македонија ги третира личните податоци коишто ги добива преку своите веб - страници и веб апликации со должно внимание и ги обработува целосно во согласност со Законот за заштита на личните податоци и под законската регулатива. Оваа изјава за приватност има за цел да Ве информира за колачињата и видот на информации коишто ги собираме преку оваа веб-страница и за нивната намена.

2. Податоци за посетителите
Централниот регистар на Република Северна Македонија ги користи следните информации од Вашата сесија, како што се: времетраењето на Вашата посета, веб - страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, ИП-адресата од која пристапувате и сл. Овие информации се користат со цел создавање на статистички извештаи коишто ќе ни овозможат да ги подобриме нашите веб - страници и веб апликации, како и да овозможиме заштита на личните податоци кои се објавени или достапни на нашите веб - страници и веб - апликации.

3. Колачиња
Нашите веб-страници и веб апликации користат колачиња. Колачињата претставуваат мали датотеки кои се запишуваат на Вашиот уред. Колачињата не содржат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Можете да го прилагодите Вашиот веб-прелистувач да ве предупредува и да ги одбива колачињата да не се запишуваат на Вашиот компјутер. Доколку ја одберете таа можност, одредени функционалности на нашите веб-страници и веб апликации нема да бидат овозможени, односно нема да работат исправно или нема да работат воопшто.

4. Категории на колачиња
Следните категории на колачиња се користат за:
Собирање на информации за интеракции од сесии, како што се: времетраењето на посета, веб - страници кои се прегледани, видот на прелистувачот кој се користи, географска локација и др. Информациите се користат со цел создавање на статистички извештаи коишто ќе ни овозможат да ги разбереме интеракциите а со тоа и да ги подобриме нашите веб - страници и веб апликации. Во оваа категорија припаѓаат колачињата за кои ја бараме Вашата согласност. (checkbox опција за исклучување)
Заштита и контрола на прегледи на податоците кои се објавени или се пристапуваат преку нашите веб - страници и веб апликации.  Податоците кои се штитат содржат лични податоци и затоа овие колачиња се неопходни.
Согласност на политиката за користење на колачињата. Ова колаче е неопходно и содржи податок за прифаќањето односно согласност на политиката за користење на колачињата.
Работа со нашите веб - апликации. Овие колачиња содржат податоци за корисниците на нашите веб - апликации кои се потребни за нивно исправно функционирање, како на пример за автентикација, јазик на интерфејсот и др. Овие колачиња се неопходни, во спротивно одредени функционалности на нашите веб - страници и веб апликации нема да бидат овозможени, односно нема да работат исправно или нема да работат воопшто.

5. Како да управувате со колачињата преку конфигурирање на прелистувачот
Ако не сакате да примате колачиња, можете да ги измените поставките на вашиот прелистувач, така што ќе бидете предупредени, кога се испраќаат колачиња, да ги деактивирате сите или некои од колачињата кои се користат од страна на веб-страницата или да ги избришете колачињата веќе инсталирани од страна на веб-страницата.
Доколку ги деактивирате колачињата, одредени функционалности на нашите веб-страници и веб апликации нема да бидат овозможени, односно нема да работат исправно или нема да работат воопшто.
За начинот на оневозможување на колачиња Ви препорачуваме да ја разгледате официјалната страна на производителот на веб – прелистувачот кој го користите.

6. Прифаќање на условите
Со користењето на оваа веб - страница, се сложувате со одредбите од Политика за приватност на Централен регистар.
 

Дополнителни информации за управување со колачињата кај познатите интернет прелистувачи можете да најдете на следниве линкови: