Листа на овластени Регистрациони агенти

Со најновите измени на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на Република Македонија бр.97/2015) и измените на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр. 88/2015), проширен е опфатот на категоријата  “регистрационен агент”, со воведување на адвокатите како овластени подносители на електронска пријава на упис на основање, промени и бришења преку Системот за е-регистрација.

Со измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица  (Службен весник на Република Македонија бр.70/2013) е воведена нова категорија на подносител на пријави “регистрационен агент” во Единствениот Трговски регистар преку Системот за е-регистрација.

Напомена: Поднесувањето преку регистрационен агент зависи од овластувањата кои ги имаат различните типови на агенти.